Марко Арнаутовиќ, играч на шангај и репрезентативец на Австрија, по 10 години се враќа во Серија А. Арнаутовиќ, играше во Интер, дебито во Серија А го имаше кај Жозе Мурињо. Потоа кариерата ја градеше во Премиер лигата, во Стоук и Вест Хем јунајтед.
Италијанскуте медиуми тврдат дека прашање на денот е кога Арнаутовиќ и Болоња ќе ја официјализираат соработката.
Австриецот со клубот од „Ренато Делара“, ќе потпише договор на четири сезони. Две или три би одиграл во Болоња, а потоа би се преселил во Монтреал, на чие чело е газдата на Болоња, Сапуто.
Арнаутовиќ ќе ја има најголемата плата во Болоња. Во овој момент Сансоне и Соријано се најпалтените во тимот, со годишна плата од 1,6 милиони евра.