Артета ги збуни навивачите на Арсенал со својата „математика“

Артета ги збуни навивачите на Арсенал со својата „математика“

пред 4 години

На навивачите на Арсенал не им е лесно. Тимот е во длабока криза со многу лоши резулати во низа, а уште повеќе ги збуни последната прес-конференција на менаџерот, Микел Артета, кој даде бизарни бројки за шансите на неговиот тим за победа.

„Топчиите“ немаат победа во Премиер лигата веќе седум меча, освојувајќи само два поени во тие мечеви, и Артета е под притисок откако тимот е на четири поени од зоната за испаѓање и 12 поени надвор од топ 4. Последниот прес на Артета не ги разубеди критичарите.

„Ако ги погледнете шансите за тоа како губиме оваа година, тоа е неверојатно. Лани против Евертон победивме со 25% шанси за победа, според статистиката. Победивме со 3:2. Минатата недела имаше 67% шанси за победа и 9% шанси за пораз и загубивме. 3% против Барнли и загубивме, 7% против Спарс и загубивме“, вели Артета.

Секако, изјавата беше предмет на потсмев на социјалните мрежи, а најинтересниот коментар беше дека „Венгер остана нормален две децении, Арсенал го скрши Артета за една година“.

Share
Scroll to Top