Артета за жестоката караница со Клоп: Си го бранев мојот тим

Артета за жестоката караница со Клоп: Си го бранев мојот тим

пред 3 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сакаше да го намали значењето на неговата фуриозна расправија со првиот човек на Ливерпул, Јирген Клоп, велејќи дека немало вистинска причина, туку дека двајцата си го бранеле својот тим.

Двојката се расправаше во 32. минута од мечот по воздушниот дуел на Садио Мане и Такехиро Томијасу, по што Артета целосно ја загуби контролата и мораше да биде заддржуван од својот помошник, а потоа двајцата тренери добија жолт картон од судијата Мајкл Оливер. На крајот, Арсенал доживеа тежок 4:0 пораз.

„Немаше провокација. Тој го бранеше својот тим, јас го бранев мојот. По крајот на мечот му честитав. За мене таквите иниденти се нормални, бидејќи тие се дел од работата и од натпреварувањето“, вели Артета.

Артета за жестоката караница со Клоп: Си го бранев мојот тим

Share
Scroll to Top