Артета удри по ВАР: Доста беше!

Артета удри по ВАР: Доста беше!

пред 4 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше бесен поради употребата на ВАР технологијата. Арсенал синоќа загуби на свој терен од Евертон со 1-0, по големата грешка на голманот Бернд Лено.

Сепак, на Арсенал му беше поништен пенал поради минимален офсајд на зачетокот на акцијата.

„Пеналот беше потполно чист, вакви одлуки кои се носат дополнително, не знам ниту кој ги носи затоа што ги носат луѓе чии лица не ги гледаме. По вторпат за две недели ни се случува нешто слично. Можам и 20 пати да ја видам таа снимка и ништо нема да ми е јасно. Се повторуваат истите работи, навистина ми е доста. Никој никогаш не ни објасни ниту една ваква ситуација. Ова влијае на нашиот клуб“ рече Артета.

Арсенал во моментов се на деветтата позиција со 46 освоени бодови.

Ова е спорниот момент:

Share
Scroll to Top