Ден по финалниот меч на ју-ес опен, АТП ја објави најновата листа, на која првата четворка ги задржа своите места, а промени се случија од петтото до десеттото место.
Новак Ѓоковиќ ја започна 338.недела како светски број 1. Србинот има 12.133 поени, втор е неговиот џелат од Њујорк, Данил Медведев со 10.780.
Третата и четвртата позиција ја задржаа Стефанос Циципас и Александар Зверев.
Рафа Надал, назадуваше една позиција, тој сега е шетти во светот, пред него е Андреј Рубљов, за кого ова е најдобра ранкинг во кариерата.
Најдобар пласман во кариерата, на седмото место, бележи и Матео Беретини.
На листата назадуваа Доминик Тим и Роџер Федерер, сега се осми и деветти, додека прв пат во кариерата меѓу најдобрите 10 се проби, Норвежанецот, Каспер Руд.