Ајакс прослави нова холандска титула

Ајакс прослави нова холандска титула

пред 3 години

Ајакс Амстердам ја прославијa својата 35. титула во Холандија, откако со 4:0 победата над Емен ја обезбедија титулата на четири меча пред крајот на сезоната.

Јуриен Тимбер, Себастиен Але, Дејви Класен и Девин Ренш постигнаа голови за Ајакс пред празните трибини на „Јохан Кројф Арената“, иако пред стадионот имаше собрано илјадници навивачи со знамиња, пиротехника и песна.

Тимот на Ерик Тен Хаг има 15 поени предност пред второпласираниот ПСВ Ајндховен, а претходно го обезбедија и Холандскиот куп со 2:1 победата над Витесе пред две недели.

Минатата сезона во Холандија немаше шампион откако првенството беше прекинато во март поради пандемијата на КОВИД-19, иако Ајакс беше прв на табелата.

Share
Scroll to Top