Баерн ќе им го „украде“ Упамекано на премиерлигашите

Баерн ќе им го „украде“ Упамекано на премиерлигашите

пред 3 години

Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано, за кого се заинтересирани повеќе премиерлигаши, во прв план Манчестер јунајтед и Челси, ќе ги одбие овие понуди и ќе остане во Бундеслигата во редовите на европскиот (и светски) шампион Баерн Минхен, тврди францускиот „РМЦ спорт“.

22-годишниот француски репрезентативец е еден од најталентираните млади дефанзивци во модерниот фудбал и самиот решил да остане во Германија. Баерн од друга страна, во него ќе има совршена замена за Давид Алаба, кој одби да потпише нов договор и најверојатно ќе направи трансфер во Реал Мадрид ако се верува на шпанските медиуми.

Лајпциг, како и цела фудбалска групација околу Ред бул, продолжува да создава таленти кои потоа скапо ги плаќа. Се верува дека тие го ценат Упамекано на 42.5 милиони евра.

Share
Scroll to Top