Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

пред 3 години

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта и таткото на Лионел Меси, неколку дена водат интензивни преговори околу новиот договор на фудбалерот, тврдат аргентинските и шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Меси, истекува по завршувањето на сезоната, а тој се уште не донел одлука околу тоа каде ќе игра во иднина.

Медиумите пишуваат дека негова желба е да остане во Барселона, да ја заврши кариерата на „Ноу Камп“, а потоа да биде директор во клубот.

Барселона на Меси му нуди 10-годишен договор.

Според тој договор, Меси би играл во Барселона уште две сезони, а потоа би се преселил во САД каде би работел како амбасадор на клубот. Во некој од американските клубови би собрал искуство, а потоа би се вратил во Барселона на функцијата спортски директор.

Share
Scroll to Top