Ерик Гарсија е второто засилување за Барселона во летниот преоден рок. Талентираниот дефанзивец се врати на „Ноу Камп“ од Манчестер сити. Гарсија е продукт на школата на Барселона, „Ла Масија“.
Гарсија, со клубот од родниот град, потпишал петгодишен договор. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 400 милиони евра.
Ерик Гарсија е второто бесплатно засилување за Барселона во актуелниот преоден рок. Вчера, клубот ја официјализираше соработката со 33-годишниот Аргентинец, Серхио Агуеро.
Com a casa, enlloc! pic.twitter.com/Te1s96Sgkz
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 1, 2021