Утре ќе започне новата сезона во Лигата на шампионите. Првото коло ќе го обележи дербито помеѓу Барселона и Баерн Минхен.
Барса и Баерн, прв пат ќе се соочат по сезоната 2019/2020, кога Баварците го добија четврт-финалниот двомеч со вкупен резултат 8:2.
Шпанскиот и германскиот гигант нема да настапат во своите најсилни состави. Барселона ќе биде без напаѓачот Мартин Брејтвај, кого го очекува пауза најмалку до крајот на годината и без десниот бек Сержињо Дест. Жорди Алба успеа да се рехабилитира од повредата и ќе биде во тимот.
Кај Баерн ќе отсуствуваат Серж Гнабри, кој се повреди во саботата против Лајпциг и Корентан Толисо.
Натпреварот на „Ноу Камп“, на програмата е во среда од 21 часот.