Баходир Џалолов е „супер-тешкиот“ крал, САД пак без боксерско злато

Баходир Џалолов е „супер-тешкиот“ крал, САД пак без боксерско злато

пред 3 години

САД остануваат 17 години без олимписко злато во бокс, откако првиот носител и фаворит, Узбекистанецот Баходир Џалолов го победи Ричард Торез Јуниор во супер-тешка категорија во Токио.

Џалолов победи со 30:26, 30:26, 29:27, 29:27 и 29:27 за да стане првиот узбекистански шампион во „кралската“ категорија. Ова беше римеч од Светското првенство во 2012 година, кога Џалолов го нокаутираше Торез во првата рунда. Учеството на Џалолов на Олимпијадата е малку контроверзно, бидејќи тој исто така е и професионален боксер со 8-0 (8 КО) скор.

Торез, сепак, го освои првиот медал за САД во супер-тешка категорија од среброто на Ридик Боув во 1988 година, додека последен шампион Американците го оимаа во Тајрел Бигс, кој освои злато во Лос Анџелес во 1984 година.

Share
Scroll to Top