Без победник на натпреварите во Амстердам, Будимпешта, Кардиф и Вулверхемптон

Без победник на натпреварите во Амстердам, Будимпешта, Кардиф и Вулверхемптон

пред 2 години

Четири натпревари вечерва се одиграа во А-дивизијата во Лигата на нации, на ниту еден од нив немаше победник.

Највозбудливиот натпревар го одиграа Холандија и Полска. Полјаците имаа предност од 0:2 по приот дел, со головите на Кеш и Зјелински. Холанѓаните израмни во интервал од четири минути, во 52. и 56.минута мрежата на Скорупски ја погодија Класен и Дамфрис.

Холандија имаше можност за целосен пресврт, но Депај во 91.минута промаши пенал.

Во оваа група, Велс во 87.минута со првиот гол во националниот тим на Џонсон, избегна пораз од Белгија. Белгијците во Кардиф поведоа со голот на Тилеманс во 51.минута.

Конечниот реузлтат на мечот во Будипмешта помеѓу Унгарија и Германија беше потставен по само девет минути игра. Наѓи погоди за Унгарија во шестата минута, три минути подоцна израмни Хофман.

На стадионот во Вулвархемптон, во натпревар со многу шанси, Англија и Италија одиграа натпревар без голови.

Во Групата 3, по три кола води Италија со пет бода, еден повеќе од Унгарија, Германија има три, а Англија два бода.

Холандија, по три кола води во Групата 6 со седум бода, по четири имаат Белгија и Полска, а Велс е последен со еден бод.

Share
Scroll to Top