Белградското обвинителство бара затворска казна за Јовиќ

Белградското обвинителство бара затворска казна за Јовиќ

пред 4 години

Лука Јовиќ повторно е тема во српските медиуми поради работи кои немаат врска со фудбалот. Против напаѓачот на Реал Мадрид, Јавното обвинителство во Белград поднело обвинителен предлог, поради кршење на самоизолацијата во Србија, во март оваа година.

Јовиќ, како што пишува во обвинителниот предлог, не ги почитувал здравствените прописи во услови на епидемија.

Со овој обвинителен предлог, Јавното обвинителство бара затворска казна од шест месеци за Јовиќ.

Јовиќ се најде во оваа ситуација бидејќи откако ја добил пријатвата не ја платил казната од 3.500.000 динари (околу 30.000 евра).

Share
Scroll to Top