Бензема го озборува Винисиус: Тој игра против нас

Бензема го озборува Винисиус: Тој игра против нас

пред 3 години

Реал Мадрид, со два гола во самиот финиш на натпреварот во Менхенгладбах, избегна пораз од Борусија, во Лигата на шампионите. Борусија имаше предност со головите на Турам од 2:0 до 87 минута. До крајот на мечот Бензема и Каземиро го спасија „кралскиот клуб“ од пораз.

На полувремето, додека фудбалерите чекаа да се вратат на теренот, францускиот „Telefoot“ ја забележа конверзацијата на француски помеѓу Бензема и Менди. Бензема го озборува Винисису Жуниор, кој иако е во близина не разбира дека ништо од она што го зборува Бензема.

„Прави што сака. Играј на мене. Тој (Винисиус) игра против нас“, му рекол Бензема на Менди.

Статистиката покажува дека Менди го послушал Бензема. Во вториот дел тој девет топки упатил кон Бензема, а само три кон Винисиус.

Share
Scroll to Top