Францускиот напаѓач Карим Бензема (33) го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште две години, напиша спортскиот новинар Фабрицио Романо. Се очекува новиот договор на францускиот ас да се потпише на почетокот на следниот месец.
По заминувањето на Кристијано Роналдо, фрaнцускиот голгетер се профилираше како вистински водач на екипата, а сезонава капитенската лента ќе биде на неговата рака.
Интересно е што во новиот договор ќе биде уфрлена откупна клаузула од 1 милијарда евра, па Флорентино Перез на тој начин сака да го осигура Французинот до неговото „пензионирање“.
Бензема во Реал е од 2009 година, дојде од Лион и за 12 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“ одигра 560 меча, постигна 281 гол и запиша 144 асистенции.
Со Реал освои 4 титули во ЛШ.
Karim Benzema will sign a new contract with Real Madrid until June 2023, confirmed and completed since talks started in May. Official announcement in place. ⚪️ #RealMadrid
Release clause will be €1BN as @hugoguillemet reports on L’Équipe.z https://t.co/5rmNwaPI93
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 19, 2021