Беснеењето на Поспишил во Мајами го тресе тенискиот свет

Беснеењето на Поспишил во Мајами го тресе тенискиот свет

пред 4 години

Канадскиот тенисер Васек Поспишил се најде во центарот на скандал кој ги шокираше љубителите на тенисот. На Мастерс турнирот во Мајами Поспишил на мечот против Мекензи Мекдоналд намерно губеше поени, се расправаше со судијата и на крајот жестоко го навреди првиот човек на АТП, Андреа Гауденци.

Поспишил ги загуби нервите во финишот на првиот сет, го кршеше рекетот, па судијата го опомена. Судијата го праша Поспишил во што е проблемот, па следуваше шокантен одговор:

„Час и половина претседателот на АТП викаше на мене на состанокот затоа што сум се обидел да ги обединам играчите. Лидерот на АТП е е.ан кретен. Ако сакате да ме казните, ќе ја тужам целата организација“ рече Канаѓанецот.

По бурниот меч кој го загуби со 6:3, 4:6, 6:3, Поспишил излезе и со соопштение:

„Се извинувам поради моето однесување на теренот во Мајами. Покажав непочитување кон играта која ја сакам поради што искрено жалам. За да го објаснам своето однесување, морам да кажам дека бев многу нервозен во текот на состанокот на играчите и претставниците на АТП. Го платив данокот на емоцијата…“ порача Поспишил.

Share
Scroll to Top