Севилја и Ред бул Салцбург одиграа историско прво полувреме во Лигата на шампионите, во кое имаше четири пенали, а резултатот остана 1:1.
Белорускиот судија Алексеј Кулбаков досуди дури четири пенали – еден за домаќините и три за гостите. Во 13. минута, Карим Адејеми избори пенал за Салцбург, а потоа го утна. Само осум минути подоцна, уште еден пенал за Салцбург, откако Хесус Навас го собори Адејеми, а овојпат Хрватот Лука Сучиќ погоди за 0:1. Во 37. минута Адејеми избори уште еден пенал откако беше соборен од голманот, а Сучиќ овојпат ја погоди стативата.
Конечно, во 42. минута, Ел Несири беше соборен во шетнаесетникот на Салцбург, а Иван Ракитиќ беше сигурен за 1:1.