Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина, официјално побарал да им бидат одложени натпреварите со Германија и Австрија. Босанците во дописот појасниле дека поради коронавирусот имаат само 11 ракометари.
„До овој момент никој од ЕХФ не одговори на нашето барање, се надеваме дека тоа наскоро ќе се счучи. Ние на располагање имаме само 11 ракометари, бидејќи четворица се во изолација. Двајца од тие четворица се позитивни на Ковид-19, а другите двајца биле во контакт со нив. И останатите 11 играчи се наоѓаат во изолација, во посебни хотелски соби, бидејќи биле во контакт со заразените играчи“, стои во соопштението од Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина.
БиХ на 5.ноември треба да гостуваат на Германија, а три дена подоцна треба да ја пречекаат Австрија. Во оваа група е наоѓа и Естонија.