Блатер откри кој и за колку пари му озвоможил на Катар да биде домаќин на СП

Блатер откри кој и за колку пари му озвоможил на Катар да биде домаќин на СП

пред 2 години

Светското првенство во Катар започнува за 12 дена, по тој повод се огласи огласи и Сеп Блатер (86), поранешниот претседател на ФИФА. Блатер ја водеше ФИФА од 1998 до 2015 година. Во неговиот мандат Катар ја доби организацијата на Светското првенство, која до денес предизвикува многу негативни реакции во јавноста.

„Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин во 2018 година, а САД да бидат домаќини на Светското првенство во 2022 година. Со тоа ќе испратевме порака за мир, бидејќи двете земји ќе имаа можност да организираат едно по друго Светско првенство“, изјави Блатер за швајцарските медиуми.

Седум дена пред Конгресот на ФИФА во 2010 година се случил пресвртот. Блатер тоа го објасни вака:

„Мишел Платини ми се јави и рече дека нема да биде возможно да го реализираме нашиот план. Тој ми кажа дека добил повик од францускиот претседател Саркози, кој штотуку ја завршил средбата со првиот човек на Катар“, се сеќава Блатер и продолжува.

„Саркози тогаш му кажал на Платини дека сака Катар да биде домаќин на Светското првенство. Јас бев против тоа, но Платини потоа ме праша што би направил ако претседателот побара нешто од мене. Ние во Швајцарија немаме такво чувство бидејќи немаме претседател. На крајот, четирите гласови на Платини одлучија Катар да биде домаќин наместо САД. Тоа е вистината“, рекол Блатер и дополнил.

„Се разбира, се беше до парити. Шест месеци подоцна, Катар купи борбени авиони за Франција, вредни речиси 15 милијарди долари“.

ФИФА пред Светското првенство се соочува со многу големи проблеми.

Пред почетокот на турнирот, на „Нетфликс“, ќе биде објавен филм за измамите во ФИФА. Претходно беше објавен и официјалниот трејлер за „FIFA Undercovered“. Истражувачкиот документарен серијал ќе ги открие скандалите што се случиле во организацијата.

Share
Scroll to Top