Борбите во крвта! Мајката Шевченко стана шампион пред ќерките да влезат во УФЦ кафез

Борбите во крвта! Мајката Шевченко стана шампион пред ќерките да влезат во УФЦ кафез

пред 3 години

УФЦ шампионката во перо категорија, Валентина Шевченко, откри дека нејзината мајка Елена стана светска шампионка во Муај Таи борби, неколку дена пред Шевченко и нејзината сестра Антонина да станат првите сестри на еден УФЦ настан.

56-годишната Елена Шевченко е претседател на Федерацијата во Муај Таи на Казахстан, и таа направи серија потези на тренинг на виртуелниот турнир  на Светската ИФМА федерација, за освојување на титулата. Валентина Шевченко во сабота ја брани титулата против Џенифер Маја на УФЦ 255, додека Антонина Шевченко, поранешна шампионка во Муај Таи, ќе се бори со „Кралицата на насилството“, Бразилката Аријане Липски истата вечер.

„Мојата мајка се подготвуваше два месеци за ова. Доби златен медал и неверојатно сум горда на неа“, открива Шевченко.

Share
Scroll to Top