Борусија (Д) се лизна кај Фрајбург – „волците“ со цел плен од главниот град

Борусија (Д) се лизна кај Фрајбург – „волците“ со цел плен од главниот град

пред 3 години

Шок уште во второто бундеслигашко коло за еден од главните конкуренти на Баерн Минхен за титулата во Германија. Борусија Дортмунд со пораз од 2-1 си оди од кај Фрајбург.

Халанд и другарите не успеаја да одолеат на нападите на мотивираните домаќини, па со празни раце се враќаат во Дортмунд.

Грифо уште на стартот, во 6. минута ги донесе домашните во водство.

Во 53 минута Салаи со нов шок за „милионерите“ на семафорот веќе е 2:0.

Гостите во „жолто-црна“ комбинација благодарение на автоголот на Кеитл стигнаа до 2-1, но тоа беше се во 90-те минути.

Иако Борусија имаше речиси 70% посед на топката, упатија само два удари во рамките на голот на Фрајбург.

Во Берлин, екипата на Херта беше непријатно изненадена од тимот на Волфсбур, загубија со 2-1.

Сепак, Херта беше таа што прва поведе. Во 60. минута Лукебакио носи предност од 1-0 за клубот од главниот град.

Во 74 минута Баку носи израмнување, а погодокот вреден три бода за Волфсбург беше дело на Нмеча во 88 минута.
Волфсбург со 2 победи во првите два меча е лидер на табелата во Бундеслигата.

На останатите три бундеслигашки дуели кои започнаа во истиот термин, Бохум на свој терен со 2-0 го совлада Мајнц, Гројтер Фурт и Арминија Билефилд ремизираа 1:1.

На мечот во Франкфурт, фаворитот Ајнтрахт и тимот на Аугсбург одиграа без голови, 0:0.

Share
Scroll to Top