Некогаш големата надеж на Барселона, фудбалерот кој никогаш до крај не го покажа својот потенцијал, Бојан Кркиќ, кариерата ќе ја продолжи во Витсел Кобе. Овој клуб е филијала на Барселона, на Далечниот исток. Во Кобе веќе неколку сезони игра Андрес Иниеста.
Кркиќ, како слободен играч, пристигна во Кобе. Тој остана без клуб откако му истече договорот со Монтреал.
Покрај Барселона, Криќ, во кариерата играч во Стоук, Милан, Ајакс, Рома, Мајнц и Алавес.
Покрај Иниеста, дресот на Витсел Кобе го носи и Белгиецот, Томас Вермален.