Бразилките спасија четири меч топки и ја освоија бронзата

Бразилките спасија четири меч топки и ја освоија бронзата

пред 3 години

Бразилките Лаура Пигоси и Луиса Стефани ја освоија бронзата во дубл на олимпискиот турнир во Токио.

Пигоси и Стефани, против Русинките Кудерметова и Веснина, направија вистински подвиг, спасија четири меч топки и на крајот ја освоија бронзата.

Првиот сет им припадна на Русинките со 6/4, вториот го освоија Бразилките со ист резултат, а во супер-тајбрејкот славеа со 11:9.

Кудерметова и Веснина имаа предност од 9:5, во тој момент Бразилките заиграа како во транс, освоија шест поени и обезбедија победата.

Питоси и Стефани го освоија првиот медал во тенис во историјата на Бразил.

Share
Scroll to Top