Бразил го одбрани златото од Рио де Жанеиро

Бразил го одбрани златото од Рио де Жанеиро

пред 3 години

Бразилците во Токио го одбранија златниот медал, на фудбалскиот турнир, освоено пред пет години во Рио де Жанеиро. Во драматичното финале, Бразил по продолженијата, ја победи Шпанија со 2:1. По 90 минути игра беше 1:1, а херој на Бразил стана Малком, кој постигна гол во 109.минута.

Бразилците најпрвин промашија пенал во 38.минута. Ударот на Ришарлисон заврши високо над голот. Сепак Бразил замина на одмор со предност од еден гол. Еден од најдобрите на овој турнир, Куња, го совлада Симон во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Шпанците израмнија во 61.минута. Спектакуларен гол, со волеј постигна Ојерзабал.

До крајот на регуларниот дел Шпанците имаа голема шанса, ударот на Хил заврши во гредата.

Во продолженијата во 109 минута, Малком успеа, со малку среќа да ја смести топката зад грбот на Симон.

Share
Scroll to Top