Буркина Фасо е вториот полу-финалист на Африканскиот куп

Буркина Фасо е вториот полу-финалист на Африканскиот куп

пред 2 години

Буркина Фасо е втората репрезентација која избори место во полу-финалето на Африканскиот куп. Во второто четврт-финале на турнирот, Буркина Фасо со 1:0 го победи Тунис.

Натпреварот на стадионот во Гаруа го реши Данга Уатара. Во третата минута од судиското надополнување на времето, Бркина Фасо организираше брилијантен контра напад, кој со гол го заврши напаѓачот на француски Лориен.

Тунижаните, второто полувреме, го минаа на половината на протвниците, но не успеаја да создата некој посеризна шанса за гол. Најдобрата можност ја имаше Казри, но неговиот удар го одбрани голманот Кофи.

Брукина Фасо, во полу-финалето, ќе игра против Сенегал или Екваторијална Гвинеја.

Share
Scroll to Top