Буфон имал понуда од Црвена звезда

Буфон имал понуда од Црвена звезда

пред 3 години

Менаџерот на Џанлуиџи Буфон, Силвано Мартина, открил дека неговиот клиент имал двоцифрен број на понуди, кога објавил дека ќе го напушти Јувентус.

„Имаше три одлични понуди од Бразил, но не сакаше да оди толку далеку поради семејството“, рекол Мартина, поранешен голман кој има потекло од Сараево.

Мартина потврдил дека една од понудите дошла од Белград, од најтрофејниот српски клуб, Црвена звезда.

На крајот, Буфон, решил да се врати во Парма и да му помогне на клубот во кој ја започна кариерата, да се врати во Серија А.

Share
Scroll to Top