Варан со промоција на полн „Олд Трафорд“ – ја засилува дефанзивата на „ѓаволите“

Варан со промоција на полн „Олд Трафорд“ – ја засилува дефанзивата на „ѓаволите“

пред 3 години

Францускиот одбранбен фудбалер, искусниот Рафаел Варан денеска официјално беше промовиран во Манчестер јунајтед. Тој доби одлична промоција, пред полн „Олд Трафорд“, пред мечот против Лидс во првото коло од новата сезона во Премиерлигата.

Францускиот ас потпиша договор со „ѓаволите“ до 2025 година.

„Манчестер јунајтед е еден од најголемите великани на европскиот фудбал и шансата да играм тука, и да играм во Премиерлигата не се одбиваше. Има уште многу работи кои сакам да ги постигнам во кариерата, доаѓам во тим во кој играат извонредни фудбалери и сите сме одлучни да победуваме и да освојуваме трофеи. Сакам да оставам белег и ќе дадам сѐ од себе за да влезам во историјата на овој клуб“ – изјави Варан на промоцијата.

Share
Scroll to Top