Фудбалерите на Баер Леверкузен одамна ја обезбедија првата титула во Бундес лигата и се на два чекори првенството да го завршат без пораз.
Избраниците на тренерот Чаби Алонсо во 32. коло од Бундеслигата убедливо го совладаа Ајнтрахт со 5:1 на гостински терен и со тоа го забележаа 48. последователен натпревар во сите натпреварувања без пораз.
Баер, да потсетиме, е блиску до пласман во финалето на Лига Европа, а наскоро ги очекува финалето во Купот на Германија против Кајзерслаутерн.
Избраниците на Алонсо последен пат загубија на 27 мај минатата година во последното коло од Бундеслигата против Бохум со 3:0.