(Видео) Граѓаните во Буенос Аирес се степаа на збогувањето со Марадона

пред 4 години

Во Буенос Аирес во тек е последното збогување на нацијата од Диего Армандо Марадона, а река од луѓе дојдоа да се простат од популарниот „Ел Пибе“.

Ковчегот на Марадона е изложен претседателскиот палата и во следните 48 часа Аргентинците ќе може да се збогуваат со него.

Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог, сепак се случи и инцидент кога се степаа дел од граѓаните со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми, зашто дел од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.

Share
Scroll to Top