(Видео) Гудељ повторно колабираше на теренот

(Видео) Гудељ повторно колабираше на теренот

пред 10 месеци

Српскиот фудбалер и член на Кордоба Драгиша Гудељ повторно колабирал на теренот за време на првенствениот натпревар од Третата шпанска лига.

На гостувањето кај Мелиља, српскиот дефанзивец по неполн половина час игра доживеа срцев удар, по што му беше укажана лекарска помош.

Гудељ веднаш ја напуштил играта, а според шпанските медиуми овој пат животот му го спасил апаратот „ICD“ (Implantable Cardioverter Defibrillator).

Ова е втор пат во многу краток период Гудељ за колабрира на теренот. Во март годинава доживеа срцев удар во 13. минута од натпреварот против Расинг Ферол.

За среќа по брзата интервенција на лекарот се освести и да биде хоспитализиран. Тогаш му беше поставен посебен уред.

Братот на српскиот репрезентативец и уграч на Севилја, Немања, се опорави од тоа и реши да ја продолжи кариерата, што не носи до овој момент.

Неговиот клуб Кородба се огласи и информира за состојбата на Гудељ.

„Драги Гудељ се чувствува добро. Тој беше префрлен во болница во Мелиља на тестови по напуштањето на стадионот „Алварез Кларо“. Во најбрз можен рок ќе објавиме нови информации“, се вели во соопштението.

Инаку, Драгиша Гудељ е член на тимот на Кордоба од летото 2022 година. Во текот на кариерата ги носеше и дресовите на Кадиз, Виторија Гимареш во Португалија и швајцарецот Вален, а беше и во Ајакс.

Share
Scroll to Top