(Видео) Детроит победи во Сакраменто, Филаделфија без Ембид реди порази

(Видео) Детроит победи во Сакраменто, Филаделфија без Ембид реди порази

пред 3 месеци

Најлошиот тим во НБА лигата, Детроит Пистонс приреди вистинска сензација со победата во Сакраменто. Филаделфија без Џоел Ембид влезе во серија порази, а Кливленд Кавалирс ја запишаа седимата победа во низа.

Детроит Пистонс ја забележаа седмата победа во 50. натпревар оваа сезона. Изненадувачки, Пистонс славеа во Сакраменто со 133:120.

За ваквиот исход најмногу придонесе Џејден Ајви со рекорд во кариерата од 37 поени. Ајви 19 поени постигна во последната четвртина. Него го следеа Буркс со 25 и Дурен со 20 поени.

На „кралевите“ не им помогна уште една МВП партија на Домантас Сабонис (30 поени, 12 скока, седум асистенции).

Кливленд Кавалирс ја потврдија одличната форма и во дуелот со Вашнгтон Визардс. Славеа победа 114:106 и се искачија на второто место во Источната конференција. Кавалирс до победата во престолнината на САД ги предводеше Донован Мичел со 40 поени.

Голден Стејт забележа една од најубедливите победи од стартот на сезоната. Вориорс славеа против Филаделфија во Велс Фарго Центарот 127:104.

Без Џоел Ембид, кошаркарите на Филалделфија им парираа на гостите само во првото полувреме. Третата четвртина Вориорс ја добија со 43:23 и го решија прашањето околу победникот.

За промена, најефикасен не беше Кари, туку Вигинс, кој оствари дабл-дабл учинок (21 поен, 10 скока), а го следеа Куминга и Томпсон со по 18. Кари постигна само девет поени.

НБА, резултати:

Шарлот – Торонто 117:123
Вашингтон – Кливленд 106:114
Бостон – Атланта 125:117
Мајами – Сан Антонио 116:104
Филаделфија – Голден Стејт 104:127
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106:117
Сакраменто – Детроит 120:133

Share
Scroll to Top