(ВИДЕО) ЛШ: Галатасарај го шокираше Манчестер Јунајтед, Арсенал загуби од Ленс, Реал славеше во Неапол

(ВИДЕО) ЛШ: Галатасарај го шокираше Манчестер Јунајтед, Арсенал загуби од Ленс, Реал славеше во Неапол

пред 7 месеци

Манчестер Јунајтед го доживеа вториот пораз откако загуби дома од Галатасарај со 2:3. Хојлунд беше двоен стрелец, но одбраната на англискиот тим не беше на ниво. Заха и Актуркоглу двапати израмнуваа, а Икарди донесе триумф за Галатасарај иако претходно не реализираше и пенал.

Реал Мадрид стигна до вториот триумф во Лигата на шампионите откако славеше против италијанскиот првак Наполи со 2:3. Елиф Елмас играше од 69.минута, а неговиот тим сепак беше поразен. Повторно Џуд Белингам беше клучна фигура за „кралевите“.

Остигард го доведе Наполи во водство, но Винисиус Жуниор и Белингам направија пресврт. Зиелински од пенал израмни на 2:2 на почетокот на второто полувреме, а потоа Мерет си постигна автогол за триумф на Реал.

Арсенал е поразен на гости во Франција од Ленс со 2:1. Габриел Жесус го отвори резултатот, но Томасон и Вахи донесоа триумф за Ленс.

Баерн Минхен со пресврт славеше на гости против Копенхаген со 1:2. Лерагер донесе предност за Данците, но Мусијала израмни, а Матис Тел беше џокерот на баварскиот клуб за триумф.

Интер ја победи Бенфика со 1:0, со голот на Маркус Турам во 62.минута.

ПСВ Ајндховен и Севилја ремизираа 2:2.

Share
Scroll to Top