Фаворитите забележаа победи во преостанетите шест натпревари во Лигата на шампионите, кои се одиграа во вечерва.
Манчестер јунајтед ја запиша првата победа оваа сезона во елитното натпреварување. Јунајтед одигра уште еден лош натпревар, но сепак успеа да ја забележи третата последовна победа во сите натпреварувања.
Победата на Јунајтед му ја донесоа фудбалерите кои трпат најмногу критики од навивачите. Хари Мегваер во 72.минута го постигна единствениот гол, а голманот Андре Онана во 97.минута му одбрани пенал на Џордан Ларсон.
Во оваа група води Баерн со девет бода, Галатасарј има четири, Јунајтед три, а Копенхаген еден бод.
Арсенал се врати на врвот на табелата во групата Б по победата на гостувањето кај Севилја.
Во претходното коло Арсенал беше изненадувачки поразен на гостувањето кај Ленс, но од вториот натпревар одигран на гости ги донесе сите три бода, Топџиите беа успешни против Севилј- 2:1.
Финишот на првото и почетокот на вториот дел беа одлични за избраниците на Микел Артета. Во двата случаи Габриел Жесус учествуваше во головите, најпрвин во 45+3. минута кога му асистираше на Мартинели, па во 53. кога самиот беше стрелец.
Во 58. минута, хрватско-српската комбинација, Иван Ракитиќ го проигра Немања Гудељ, кој со гол ја остави Севилја во игра. Сепак, шпанскиот тим до крајот не успеа да израмни и да освои ниту бод.
Во истата група Ленс му одолеа на ПСВ, и го освои четвртиот бод во три натпревари од Лигата на шампионите. Гостите поведоа во 55. минута со голот на Бакајок. Десет минути подоцна конечниот резултат го постави Вахи.
Арсенал има шест бода, Ланс и ПСВ по четири, а Севилја два.
Иако во Берлин беше постигант само еден гол, дуелот меѓу Унион и Наполи беше доста огнен и на теренот и на трибините. На крајот се радуваа навивачите на Наполи. Единствениот гол го постигна Распадори на асистенција на Кварацхелија во 65. минута. Елиф Елмас го одигра второто полувреме.
Третата победа ја оствари Реал, кој славеше во пресметката на екипи од Пиринејскиот полуостров, на гостувањето кај Брага со 2:1.
Избраниците на Карло Анчелоти поведоа со голот на Родриго во 16. минута, водството го удвои Белингем во 61. минута Брага брзо возврати со голот на Џало во 63. минута, но не успеа да израмни.
Реал води со девет бода, Наполи има шест, Брага три, а Унион Берлин се уште чека на првиот бод.
Во Д групата, Реал Сосиедад ја продлабои кризата на Бенфика. Во Лисабон, клубот од Баскија победи со голот на Браиз Мендез, кој стана првиот Шпанец по пауза од 23 години кој постигнал гол на воведните три натпревар.
Интер и Реал Сосиедад во оваа група имаат по седум бода, Салцбург три, а Бенфика е без бодови.