(Видео) Со пресврт во 14 минути Комо среде Бергамо ја шокира Аталанта

(Видео) Со пресврт во 14 минути Комо среде Бергамо ја шокира Аталанта

пред 9 часа

Во последниот натпревар од петтото коло на италијанската Серија А Комо ја победи Аталанта со 3:2 во Бергамо. Според распоредот, овој натпревар требаше да се одигра во понеделникот, но беше одложен за ден подоцна поради обилните врнежи од дожд и натопениот терен во Бергамо.

Аталанта поведе во 18. минута кога Запакоста прекрасно ја зафати топката од врвот на шеснаесетникот и погоди за 1:0. Но, на почетокот на вториот дел гостите од Комо со блиц-криг за само четиринаесет минути постигна дури три гола.

По 20-ина секунди од продолжението, Стрефеца прекрасно го погоди спротивниот агол од домашниот гол и израмни на 1:1. Потоа во 54. шутираше Нико Паз, а топката од Колашинац се одби во домашната мрежа за 2:1 а во 58. минута Фадер сам направи се и целосно го шокираше домаќинот со гол за 3:1. Аталанта само намали со голот на Лукман од пенал во 98. минута.

Со ова Комо ја постигна првата победа сезонава и прва во Серија А по 21 година, кога последен пат испадна, додека Аталанта го забележа третиот пораз.

Share
Scroll to Top