(Видео) „Торпедото“ на Ристовски ја скина мрежата на Шибеник

(Видео) „Торпедото“ на Ристовски ја скина мрежата на Шибеник

пред 1 месец

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, се наоѓа во голгетерска форма на почетокот на сезоната. Откако во минатото коло, во 96.минута го спаси Динамо од пораз во Осиек, вечерва постигна гол против Шибеник.

Ристовски во раната фаза на натпреварот го отвори резултатот. Во шестата минута од работ на шеснаесетникот постигна спектакуларен гол. Подоцна и Шпикиќ постигна гол.

Проблем за Динамо, кој наредната недела ќе игра против Карабаг во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите е повредата на Аријан Адеми.

Адеми теренот го напушти во 40.минута.

Share
Scroll to Top