(Видео) Црвена звезда ќе игра во ЛШ, во Братислава го слават Барсегјан

(Видео) Црвена звезда ќе игра во ЛШ, во Братислава го слават Барсегјан

пред 2 месеци

Црвена звезда, Слован Братислава и Лил ја комплетираа листата од 36 екипи, кои во септември ќе играат во новиот формат на Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Србија, Црвена звезда го победи норвешкиот шампион Бодо/Глимт со 2:0 во вториот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите на преполната Маракана во Белград.

Звезда ја анулира негативата од 2:1 од првиот натпревар и се пласираше во Лигата на шампионите. Головите ги постигнаа Бруно Дуарте во 26. минута од пенал и капитенот Урош Спајиќ во 59. минута.

Звезда целосно ги надигра Норвежаните и заслужено продолжи понатаму. Гостите упатија само три удари кон голот на Марко Илиќ, додека домаќините имаа дури 17 удари.

Црвено-белите поведоа откако репрезентативецот на Ангола Милсон избори пенал, а Бразилецот Дуарте беше прецизен од белата точка и со тоа го израмни вкупниот резултат на 2:2.

Само неколку минути подоцна Звезда можеше експресно да направи пресврт, но Нигериецот Петер Олајнка со глава ја погоди гредата. Решавачкиот гол беше дело на Спајиќ. Словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник изведе корнер, а на првата статива највисок беше Спајиќ, кој ја закова топката во мрежата.

Одличен натпревар гво Братислава, одиграа Слован и Митјиланд. Словаќкиот шампион испиша историја, прв пат ќе игра во елитната конкуренција.

Слован со вкупен резултат 4:3 го елиминира Митјиланд. Првиот меч во Данска заврши 1:1, а во Братислава домаќинот победи со 3:2.

Толиќ ги доведе домашните во водство, а до крајот на првото полувреме израмни Шимшир.

Во вториот дел од играта, по само пет минути Франкулино го сврте резултатот.

Минуваа минути, ништо не се случи на теренот, а во 82. минута Толиќ повторно ја погоди мрежата на Данците.

А само четири минути подоцна поранешниот играч на Вардар Берсегјан постигна гол за големото славје на домашните навивачи.

Тренерот на Слован, Владимир Вајс, по Артмедиа, речиси 20 години подоцна, повторно влезе во друштвото на најдобрите.

Share
Scroll to Top