Винисиус помина 20.000 километри, а не доби ни минута за „Кариоките“

Винисиус помина 20.000 километри, а не доби ни минута за „Кариоките“

пред 3 години

Фудбалерот на Реал Марид, Винисиус Жуниор би можел да е многу лут на селекторот на Бразил по оваа репрезентативна пауза. Тој од Мадрид отпатув во Рио де Жанеиро, па од таму во Сао Паоло, па назад, па оттука во Уругвај (во Монтевидео) и од таму ќе мора да се врати во Мадрид, каде ќе се приклучи на тренизите на „Кралскиот клуб“.

Се заедно преку 20.000 километри, а за Бразил не одигра ниту минута на двата меча.

„Кариоките“ најпрво како домаќини ја совладаа Венецуела (1-0), а потоа славеа и на гостувањето во Уругвај (0-2).
Шанса во нападот добија Габриел Жезус, Фирмињо и Ришарлисон, а како замена на двата меча влегуваше Евертон. За Винисиус немаше место во составот.

Младиот крилен напаѓач најверојатно ќе има можност за настапи за Реал Мадрид во следниот период затоа што колегата што игра на неговата позиција – Еден Азар е заразен со коронавирусот.

Share
Scroll to Top