Вињалес им се извини во Јамаха: Бев фрустриран!

Вињалес им се извини во Јамаха: Бев фрустриран!

пред 3 години

Шпанскиот возач Маверик Вињалес заработи суспензија затоа што на својот мотор своеволно направил измена. Со тоа ризикувал сериозно да го оштети фабричкиот модел на Јамаха, но со тоа и да ја загрози безбедноста на трката за ГН на Австрија.

Неговиот тим веднаш го суспендираше од конкуренција за таа трка, па дојде извинување од возачот.

„Бев разочаран затоа што во претходните трки не одеше онака како што мислев. Сакав вториот дел од сезоната да тргнам на најдобар можен начин. Бев фрустриран. Им се извинив во Јамаха“ рече Вињалес.

Тој порача дека му е жал што се решил на таков потег.

„На погрешен начин ги исфрлив фрустрациите“ рече Шпанецот кој на крајот на сезоната се разделува од Јамаха.

Share
Scroll to Top