„Волкот“ Таунс загубил седуммина блиски од Ковид 19

„Волкот“ Таунс загубил седуммина блиски од Ковид 19

пред 3 години

Најдобриот кошаркар на НБА тимот на Минесота Тимбервулфс, 25-годишниот Карл Ентони Таунс во разговор за „ЕСПН“ открива дека исгубил седум членови од семејството како последица од Ковид 19.

„Синоќа го изгубив и вујко ми. Тешко ми е, изгубив луѓе без кои не би бил овде каде што сум. Се почна со смртта на мајка ми, видов многу маки во последните 7-8 месеци“ рече Таунс.

Со коронавирус бил заразен и татко му, но тој успеал да се опорави. Мајка му починала на 58-годишна возраст, по компликации предизвикани од опасниот вирус.

Подготовките за новата сезона која ќе биде посебно тешка за „волкот“ Таунс се во тек, а првиот меч е предвиден за 22 овој месец.

Share
Scroll to Top