Во Рома продолжуваат проблемите – Џеко тренира сам!

Во Рома продолжуваат проблемите – Џеко тренира сам!

пред 4 години

Капитенот на Рома, Един Џеко денеска тренирал сам во тренинг-центарот во Тригорија, што претставува кулминација на конфликтот со тренерот Пауло Фонсека, тврдат италијанските медиуми.

Според „Скај спорт Италија“, Џеко бил „изолиран“ на денешниот тренинг на „волчицата“ и не му било дозволено да се приклучи на групата која се подготвува за неделниот меч против Верона. Ова е јасен сигнал од тренерот дека 34-годишниот Џеко веќе не е „пожелен“ во неговиот состав по конфликтите кои ги имаа по поразот од Специја во Копа Италија и отпуштањето на тимскиот менаџер Џанлука Гомбер.

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити има 7 гола во 15 меча во серија А оваа сезона, помагајќи им да се искачат на третото место на табелата по 19 меча.

Share
Scroll to Top