Газдата на Лидс со понуда за купување на Салернитана

Газдата на Лидс со понуда за купување на Салернитана

пред 3 години

Андреа Радрицани, газдата на Лидс јунајтед, дал понуда за купување на Салернитана, но уште не добил одговор од газдата на клубот, Клаудио Лотито.

Лотито има краен рок до утре да ја продаде Салернитана, бидејќи веќе е сопственик на Лацио, а италијанските власти не дозволуваат исти газди на два клуба во Серија А.

Радрицани го купи Лидс во 2017 година, откако првично купи 50 отсто од акциите на Масимо Челино. Тој ги врати „белите“ во Премиер лигата минатата сезона.

Share
Scroll to Top