Газета дело Спорт: Елмас ќе биде стартер против Риека

Газета дело Спорт: Елмас ќе биде стартер против Риека

пред 4 години

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, вечерва, ќе биде во стартниот состав на натпреварот против Риека, во Лига Европа. Дуелот се игра во Хрватска од 18.55 часот.

Наполи, по првите две кола има победа и пораз, додека Риека има два порази. Наполи со евентуална победа дополнително ќе се доближи до освојувањето на едно од првите две места во Ф-групата.

„Ниту мене, ниту на останатите, тренерот Гатусо, не ни кажа ништо посебно во пресрет на овој натпревар. Секогаш ми говори дека сум животно, во смисла дека сум голем борец на теренот. Јас не бегам од тоа. Тој е тип со силен карактер, одлична личност. Ми се допаѓа како работиме со него“, ги пренесува зборовите на 21-годишникот „Газета дело Спорт“.

Натпреварот на стадионот „Руевица“ ќе започне во 18.55 часот.

Share
Scroll to Top