Гатузо и Наполи ќе ја продолжат соработката

Гатузо и Наполи ќе ја продолжат соработката

пред 3 години

Џенаро Гатузо ќе го продолжи договорот со Наполи. Информацијата ја потврдил директорот Кристијано Џунтоли. Актуелниот договор на Гатузо со Наполи истекува на крајот на сезоната.

Гатузо на клупата на Наполи, на 11.декември минатата година, го наследи својот поранешен тренер, Карло Анчелоти.
На крајот од минатата сезона тој го освои својот прв трофеј во тренерската кариера. Наполи, на пенали го победи Јувентус и го освои Купот на Италија.

Директорот на Наполи, очекува новиот договор со Гатузо да биде потпишан во текот на наредната недела. Не е познато колку години е предвидено да трае новата соработка помеѓу Гатузо и Наполи.

Share
Scroll to Top