Гаљардо: Не е шега, го поканив Роналдо да игра за Ривер Плата

Гаљардо: Не е шега, го поканив Роналдо да игра за Ривер Плата

пред 1 ден

Фудбалерите на Ривер Плата, во раните утрински часови по средно европско време ќе го одиграат вториот натпревар на клупскиот Мундијал. По победата над Урава (3:1) во првото коло, во второто Ривер за противник ќе го има Монтереј.

Марсело Гаљардо, тренерот на тимот од Буенос Аирес, им откри на медиумите дека тој го повикал Кристијано Роналдо да игра на Светското клупско првенство за Ривер Плата.

Роналдо неодамна изјави дека имал „покана од клуб во Аргентина“, но во тој момент не не го откри името на клубот. Гаљардо реши целосно да ги отвори картите.

„Во средината на март, преку заеднички пријател, му реков: „Доаѓа светското клупско првенство, дали си заинтересиран да играш за нас? Тоа е турнир створен за некој како тебе, кој оставил таков белег во спортот. Се почувствува почестен и побара време да размисли пред конечно да ми каже: „Морам да се фокусирам на следната сезона“. Беше неофицијален разговор, ќе останеше приватен како и многу други работи ако самиот не го откриеше. Затоа решив да кажам сè, Роналдо одлучи да го објави“, откри Гаљардо.

Искусниот тренер имаше можност да биде заедно со Португалците кога го водеше Ол Стар тимот на Саудиска Арабиска лига во пријателски натпревар.

„Имав можност да го тренирам на тој пријателски натпревар. Освен што е врвен професионалец, тој е и одлична личност. Имаме одличен однос“, додаде тренерот на Ривер Плата.

Share
Scroll to Top