Диало пристигнува на „Олд Трафорд“, дали веднаш ќе игра?

Диало пристигнува на „Олд Трафорд“, дали веднаш ќе игра?

пред 3 години

Манчестер јунајтед го доби младиот фудбалер за кого платија 37 милиони фунти, откако Амад Диало Траоре ќе пристигне на „Олд Трафорд“ и покрај барањето на Аталанта тој да остане уште шест месеци во Серија А.

Диало, кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска и има само 18 години, потпиша договор со „ѓаволите“ до 2025 година. Тој игра на позицијата десно крило, и за Аталанта оваа сезона имаше само два настапи, односно вкупно 35 минути во Лигата на шампиони.

„Ние како клуб го следиме Амад подолго време, и јас лично го имам гледано како игра и дојдовме до заклучок дека е највозбудливиот млад талент на светот. Манчестер јунајтед имаат горда историја на развој на млади фудбалери и мислам дека Амад ќе го искористи потенцијалот. Ќе биде потребно време да се адаптира, но неговата брзина, визија и фантастични способности ќе осигура тој бргу да ја направи транзицијата“, вели Солскјер.

Share
Scroll to Top