Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сакал финалето во ЛШ да го играат во Истанбул, пред се поради неговиот играч Илкај Гундоган – германски фудбалски репрезентативец со турско потекло.
УЕФА денеска соопшти дека финалето меѓу Сити и Челси кое на 29. овој месец требаше да се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе се игра на „Драгао“ во Порто (Португалија). Причина за промената се рестрикциите кои ги воведе Турција поврзани со пандемијата на коронавирусот.
„Не сум имал можност да одам во Истанбул уште од времето додека играв за барселона. Сакав таму да одиме поради Илкај Гундоган, но за жал УЕФА одлучи за Португалија. Ќе играме таму, не е проблем“ рече Гвардиола.
Во финалето во Порто Сити и Челси ќе играат пред 12.000 навивачи.