Германските стадиони во боите на виножитото по забраната за Минхен, поддршка и од Јуве, Барса и Милан

Германските стадиони во боите на виножитото по забраната за Минхен, поддршка и од Јуве, Барса и Милан

пред 3 години

Јувентус, Барселона, Милан и повеќе други клубови се придружија на поддршката на ЛГБТ-заедницата откако УЕФА не дозволи „Алијанц арената“ да се обои во боите на виножитото за денешниот меч помеѓу Германија и Унгарија. Во исто време, многу германски стадиони во знак на поддршка ќе ги носат боите кои беа забранети во Минхен.

УЕФА сметаше дека се работи за порака со „политички контекст“ со намера кон Унгарија, откако неодамна се усвоија закони за забрана на хомосексуални пораки во содржини наменети за малолетници.

Јувентус, Барселона, Милан, Баер Леверкузен, Келн, но и Жерард Пике и Антоан Гризман со јасна порака ја осудија одлуката на УЕФА.

Share
Scroll to Top