Главоболки за селекторот Милевски – Јаховиќ се повреди!

Главоболки за селекторот Милевски – Јаховиќ се повреди!

пред 3 години

Нови главоболки за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски пред собирот на селекцијата за последните два дуели со Ерменија и Исланд во квалификациите за пласман на Мундијалот. Вчера се повреди напаѓачот на турски Гезтепе – Адис Јаховиќ.

Центарфорот на мечот против Коњаспор го напушти теренот во 16. минута.

Засега не е познато колку е сериозна неговата повреда, но штом мораше да ја напушти средбата по само 16 минути се чини дека е познато дека ќе мора да паузира одреден период.

Покрај засега неизвесниот Јаховиќ, за дуелите со Ерменија и Исланд од комбинација отпаднаа Адеми, Николов, голманот Илиев, а неизвесен е и настапот на Спировски, односно Костадинов.

Македонската репрезентација се уште има шанси за второто место во групата кое носи бараж за СП, но ќе зависи нашата селекција и од резултатите на противниците.

Share
Scroll to Top