ГН на Монако ќе се вози пред публика?

ГН на Монако ќе се вози пред публика?

пред 4 години

Трката за Големата награда на Монако, во првенството на Формула 1, ќе се одржи на 23.мај. Организаторите, најавија, дека трката ќе се вози пред публика.

Паоло Чикароне, очекува дека 50 отсто од капацитетот на трибините, ќе биде отворен за навивачите.

„Мислам дека таа опција е реална, има простор да се направи дистанца помеѓу луѓето. Се уште нема конечно решение, ќе следиме како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот. Јасно е дека луѓето во Монако бараат начин трката да се одржи пред публика. Веќе е познато дека трките кои во календарот се пред Монако, во Имола и Портимао, ќе се возат пред празни трибини“, рекол Чикароне.

Формула 1 првенството ќе започне на 28.март со трката за Големата награда на Бахреин.

Share
Scroll to Top