Голманска мака! Прво беше херој со супер-гол, потоа испадна смешен

Голманска мака! Прво беше херој со супер-гол, потоа испадна смешен

пред 3 години

Од шпанската шеста лига ни доаѓа неверојатната приказна на голманот Карлос Торес, кој од херој стана трагичар за неколку секунди – прво постигна гол за израмнување на резултатот, за потоа да биде лобуван неколку секунди подоцна.

Тимот на Торес, Винарос губеше со 0:1 од Пенсикола во финишот на мечот, и голманот се најде меѓу напаѓачите постигнувајќи фантастичен гол од 20-тина метри за неизмерна радост на домашниот тим.

Меѓутоа, прославата траеше кратко. Веќе во следниот напад, додека Торес се враќаше во шестнаесетникот, еден фудбалер на Пенсикола ги изненади сите со фантастичен гол со лоб удар.

Share
Scroll to Top